(Видео) За три часа, откриени 23 неисправни возила кои превезувале ученици

пред 3 години

Полицијата вчера исконтролирала 328 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 104 локации и од сообраќај исклучила 23 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности, информираа од МВР.

За време на контролата спроведена на целата територија на државата во периодот од 06.30 до 09.30 часот, биле утврдени 24 кривични дела, во врска со вршење на јавен превоз без соодветна лиценца и 68 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветен прекршочен или кривичен поднесок, појаснуваат надлежните институции.

Share
Scroll to Top