(Видео) Избегната трагедија во Охрид: параглајдер слета меѓу луѓе на Куба Либре

(Видео) Избегната трагедија во Охрид: параглајдер слета меѓу луѓе на Куба Либре

пред 2 часа

Вистинска драма се одвивала на патеката кај Куба Либре во Охрид, откако параглајдер изгубил контрола при слетување и за малку избегнал сериозна несреќа со минувачите. Според видеото кое се споделува на социјалните мрежи, леталото се приближувало опасно ниско над земјата, директно кон луѓето кои се движеле по патеката.

Во последен момент, параглајдерот ја променил насоката, но наместо безбедно слетување, завршил удирајќи во канделабра.

Очевидци сведочат дека сцената била шокантна, а присутните реагирале панично, обидувајќи се да се тргнат од патеката на леталото.

За среќа, според првичните информации, нема пријавени потешки повреди, но инцидентот отвори сериозни прашања за безбедноста при ваквите активности во урбани и туристички зони.

Текстот (Видео) Избегната трагедија во Охрид: параглајдер слета меѓу луѓе на Куба Либре е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top