(Видео) Каевски: Избори ќе има во 2024, сега сме силно фокусирани на решавање на кризата

пред 3 години

Во делот на изборите ние како политичка партија имаме јасен став околу сето тоа, изборите ќе бидат редовни и ќе се случат 2024 година, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, на денешната прес-конференција.

„ Тие ќе бидат редовни парламентарни избори, а сега како одговорна политичка партија којашто работи за интересите на граѓаните силно сме фокусирани за решавање и намалување на последиците којшто доаѓаат и од енергетската криза и од здравствената криза и сето тоа е важно и граѓаните да го знаат дека сме силно насочени кон решавањето и помагањето од последиците коишто доаѓаат од овие кризи“ истакна Каевски.

Тој порача граѓаните да бидат спокојни, бидејќи, знаеле дека имаат партнер, политичка партија која што ја предводи власта, и која, како што рече, силно ги решава и се грижи за проблемите на граѓаните.

Share
Scroll to Top