Рускиот амбасадор Баздникин во посета на Штип

пред 3 години

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, денеска беше во посета на Штип, каде оствари средба со градоначалникот, Сашко Николов.

Приоритетни теми на разговор биле здравството, образованието и економијата, се наведува во соопштението за средбата.

По средбата, Баздникин даде изјава во врска со процесот на достава на руската вакцина „Спутник в“ во Македонија.

„Договорот предвидува снабдување со 200.000 дози на вакцината ‘Спутник в’, што е количина за имунизација на 100.000 лица. До денес испорачани се 6.000 дози. Во моментов се работи за испораката на останатите количини на препаратот. Руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот за да обезбеди испорака на вакцините во вашата земја”, нагласи рускиот амбасадор.

Share
Scroll to Top