(Видео) Каевски: Полицијата стана многу поефикасна во заплената на дрога и наркотици

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во континуитет спроведува ефикасни, темелни и неселективни акции во борбата против криминалот и корупцијата, посочи на денешната прес-конференција, пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

Како што нагласи тој, споредебено со 2020 постои сериозно зголемување на запленета на дрога и наркотици.

„Според податоците, во првите три месеци во 2020 година била запленета дрога од 14,8 килограми, додека од први јануари до 15 април во оваа 2021 година, запленета е дрога од над 800 килограми“, истакна Каевски.

Според него, редовните сообраќајни контроли, неселективниот пристап во санкционирањето, довело до значително намалување на сообраќајните несреќи.

„Во првите четири месеци од годинава за 10% се намалени сообраќајните незгоди со повредени лица, за 11,2% намалени се сообраќајните незгоди со материјална штета, за 13,6% се намалени незгодите со загинати лица, а бројот на повредени лица е намален за 14,2%“, додаде тој.

Каевски подвлече и дека јавноста сведочи и за бројни сложени акции што македонската полиција ги спроведува со своите стратешки партнери.

„Колку и да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво, а полицијата постапува ефикасно, неселективно и во служба на законите“, додаде претставникот на владејачката партија.

Share
Scroll to Top