„На денешниот ракометен натпревар Македонија-Израел, претседателот на подмладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, беше приведен поради мирно и достоинствено истакнување на знамето на Палестина и тоа како да станува збор за високоризичен криминалец!“, извести партијата Левица.
„Без никакво образложение, без наведување на основ за лишување од слобода, без посочување на кривично дело или прекршок – тој беше грубо оттурнат и со лисици однесен во полициска станица. Во целиот чин, ниту еден од полициските службеници не се легитимираше.
И додека на ДПМНЕ и на министерот Панче Тошковски им “се провлекуваат“ и им бегаат вистински криминалци, полицијата под негова надлежност ревносно демонстрира сила врз млади луѓе кои не направиле ништо освен што изразиле човечност.
Левица ќе ги преземе сите расположливи правни и институционални механизми за овој скандал. ДПМНЕ денес апси за знаме, утре ќе апси за мисла!“, наведуваат од Левица.
Текстот (Видео) „Како тежок криминалец уапсен претседателот на Црвена Младина поради извадено палестинско знаме“, велат од Левица е превземен од МАКФАКС.





