(Видео) Ковачевски: Денарот останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати по повод јубилејот 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност, беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава. На свечениот јубилеј се обратија и гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, како и претседателот на државата Стево Пендаровски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ми претставува посебна чест, што како претседател на Владата сум дел од оваа свечена академија во чест на Јубилејот 30 години од монетарното осамостојување на Република Северна Македонија.

На 26 април 1992 година, само неколку месеци по изгласувањето на самостојноста, нашата независност се заокружи со уште еден значаен дел од мозаикот на суверенитетот на државата – Беше воведена националната валута денарот и се утврди монетарната самостојност.

Монетарниот суверенитет е една од основните компоненти на вкупниот суверенитет на секоја држава. Со донесување на пакетот закони во Собранието на Република Македонија, се постави институционалната рамка на монетарниот систем. Во таа рамка Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка, исправена пред предизвиците во период на осамостојување на државата. За воспоставување стабилен макроекономски амбиент беа неопходни голема храброст, посветеност и професионализам на тогашниот тим на Народната банка.

Народната банка на Република Северна Македонија е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваа во текот на изминатите 30 години.

Денарот е и останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија.

Ова е од исклучителна важност во актуелниот период на глобалната економска криза, а последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд од февруари оваа година, јасно посочи дека воопшто не се доведува во прашање стабилноста на курсот на денарот.

Тоа го потврдува институционалниот капацитет на банката којашто со соодветен монетарен инструментариум ја одржувастабилноста на денарот.

Претпазливата монетарна политика, како и добрата координација со другите макроекономски политики, имаат доведено до непрекинат раст на девизните резерви. Девизните резерви денес се на историски највисокото ниво и директно ја зацврстуваат стабилноста на девизниот курс“, изјави Ковачевски.

Share
Scroll to Top