(Видео) Ковачевски – Столтенберг: Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг утринава разговараа за состојбата во Украина.

Ковачевски истакна дека членството во НАТО е исполнување на стратешката цел на земјата и дека Северна Македонија е горда што е меѓу најбрзите сојузници кои ја завршиле воената интеграција во НАТО, особено бидејќи останува посветена во учеството на операциите и мисиите на НАТО.

“Со генералниот секретар Столтенберг разговаравме за ситуацијата со и околу Украина, што претставува закана за и европската и за меѓународната безбедност. Како сојузник на НАТО се приклучуваме кон апелите до Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог. Го поддржуваме предлогот на НАТО за тематски состаноци со Русија во врска со состојбата на односите, на европската безбедност со фокус на Украина и транспарентноста, намалување на ризикот и контрола на оружјето. Целосно го поддржуваме суверенитетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет во меѓународно признаените граници. Како сојузници, ние сме силни, одлучни и обединети во нашата реакција“, изјави Ковачевски.

Столтенберг рече дека НАТО сака да се вклучи во значаен дијалог со Русија. Тој додаде дека НАТО продолжува да апелира до Русија да деескалира и дека секоја натамошна руска агресија ќе има сериозни последици и висока цена.

“Разгoваравме за односот на Русија кон Украина и нивното трупање на војници на границите. Има значително движење на руските воени сили кон Белорусија и ова е најголемото распоредување на сили од времето на Студената војна, со очекувани 30.000 борбени трупи, специјални сили, борбени авиони и ракетни системи. Сето ова ќе се искомбинира со годишните нуклеарни вежби на Русија кои што се очекуваат токму во овој момент. НАТО продолжува да апелира до Русија да деескалира. Секоја натамошна руска агресија ќе има сериозни последици и висока цена. Сакаме да се вклучиме во значаен дијалог со нив и веќе го покажавме тоа пред Русија, сакаме да работиме на односите со Русија, да го намалиме ризикот, да ја зголемиме транспарентноста и да ја спречиме пролиферацијата на оружје. Секоја нација има право да го избере својот пат, а НАТО покажа дека може да ги брани сите сојузници. Ние сакаме да најдеме политичко решение за кризата, но вие мора да бидете подготвени за најлошото. Вчера САД најавија дека ќе распоредат сили во Германија, Полска и Романија и ова доаѓа како плус на сите досегашни нивни напори и распоредување на сили во НАТО командите. Ние веќе ја зголемивме подготвеноста на силите на НАТО и сметаме дека ќе треба да има и дополнително распоредување во северниот дел на алијансата. Исто така ги поздравувам и пнудите на членовите на алијансата за распоредување на повеќе трупи и авиони. НАТО ги зближува Северна Америка и Европа во борбата со оваа криза “, изјави генералниот секретар на НАТО.

Share
Scroll to Top