(Видео) Колева: Оперативниот план за вработување со рекорден буџет од 28 милиони евра

пред 3 години

Владата предводена од СДСМ презема ефикасни мерки и политики кои придонесуваат за пад на невработеноста и повисок животен стандард за сите граѓани. Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување е една од мерките кои со години даваат одлични резултати во намалување на стапката на невработеност, потенцира на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

„По одличната реализација минатата година, за оваа година за Оперативниот план обезбеден е рекорден буџет од 1,73 милијарди денари или 28 милиони евра, што е за 230 милиони денари повеќе отколку претходната година. Една од најатрактивните мерки од Планот, мерката за самовработување освен вработување на младите, обезбедува тие да започнат свој бизнис и да вработат дополнителен број луѓе“, нагласи таа.

Според Колева и во време на криза, стапката на невработеност опаѓа и во третиот квартал од 2021 година како што напомена, таа изнесувала рекордно ниски 15,7 отсто, со тенденција за дополнително намалување.

„Наша цел како партија предводник на владината коалиција е едноцифрена стапка на невработеност до 2026 година. За таа цел продолжуваме со реализација на мерките и проектите, но и привлекување на нови странски директни инвестиции кои освен за отворање нови работни места, придонесуваат и за забрзан економски раст“, истакна пратеничката од СДСМ.

Share
Scroll to Top