(Видео) Костадинов: Мицкоски бара одлагање на предвремените избори во Штип зошто знае дека ќе изгуби

пред 4 години

Барањето за одлагање на предвремените локални избори во Штип е само затоа што Христијан Мицкоски сака да ја зачува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ и знае дека повторно ќе загуби, рече денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Мицкоски е свесен дека шансите за негова победа на предвремените локални избори, но и какви било други избори се многу мали. Ги уверивме граѓаните дека предвремените парламентарни избори со почитување на сите здравствени протоколи беа безбедни по здравјето, со сигурност такви ќе бидат и предвремените локални избори во Штип и Пласница“, посочи Костадинов.

Тој додаде дека самиот Мицкоски е најголема закана за јавното здравје.

„Она што не е безбедно по здравјето на граѓаните се протестите на ВМРО-ДПМНЕ, како и нивните активности во Парламентот, спротивни на протоколите“, кажа партискиот портпарол додавајќи дека за ваквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ следува нова казна од граѓаните.

Share
Scroll to Top