(Видео) Кузеска: Успешен попис, согласно со светските пракси и стандардите на Евростат

пред 2 години

По речиси 20 години државата спроведе успешен попис согласно светските пракси и стандардите на Евростат, посочи на денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека пописот бил поздравен и од Европската комисија и од сите, како што кажа, релевантни чинители.

„Ова е успех на државата, на граѓаните кои учествуваа во најсложената статистичка операција.

Бројни, пред се економски и развојни придобивки има од пописот.

Владата, институциите, компаниите, добиваат точни, релевантни податоци на кои ќе се базираат идните мерки и политики.

Пописот дава увид колкава е потребата од стручен кадар за деца во градинките, увид на структурата на образованието на населението, по што би можеле да креираме политики за усогласување на потребите на пазарот на трудот;

Со податоците од новиот попис ќе имаме увид во степенот на развиеност на планските региони.

Врз основа на овој акт Владата ги распределува буџетските средства за финансирање на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, чија цел е намалување на развојните разлики меѓу планските региони и меѓу општините.

Домашните и странски инвеститори ќе добијат појасна слика за распределбата на квалификувана работна сила со што ќе им се помогне во планирањето на идни инвестиции.

Пописот е статистичка операција, важна за државата и идниот развој и не треба да се политизира.

Сведочевме на непотребна и неодговорна политизација на самиот старт и повици за бојкот кои не успеаја.

Граѓаните масовно учествуваа во оваа операција и дадоа придонес за спроведување успешен попис, по европски стандарди.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните, во интерес на државата“, истакна Кузеска.

Share
Scroll to Top