93 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден (16.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 93 возачи. Од нив, 41 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Share
Scroll to Top