Угостителски објект во Кочани работел по дозволеното време

пред 3 години

Полицијата ќе поднесе кривична пријава против сопственик на угостителски објект во Кочани кој работел по дозволеното време.

Според информациите на МВР,  вчера во периодот од 17 до 21 часот, полициски службеници извршиле контрола на 30 угостителски објекти на подрачјето на Кочани во врска со почитувањето на мерките донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.

При контролата, било констатирано дека еден угостителски објект не го почитувал работното време, односно во угостителски објект на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани во 18.35 часот биле затекнати неколку гости.

Против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Share
Scroll to Top