(Видео) Лефков: Антикорупциска да отвори случај за Филипче за набавката на кинеските вакцини

пред 3 години

Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за министерот за здравство, Венко Филипче, за набавката на кинески вакцини по 62.5 долари преку фантом фирма од Хонг Конг.

„Денеска во ДКСК поднесуваме комплетна документација, објавена во медиумите, а од која се гледа дека Венко Филипче овластил фантом фирма да преговара во име на Македонија со кинески Синофарм за набавка на 200.000 вакцини, по цена од 62,5 долари од вакцина. Еве ги документите со потпис на Венко Филипче, со извор Централен регистар на Хонг Конг“, рече Лефков покажувајќи им на новинарите документи.

Според него, од документите се гледало дека Филипче ја овластил фирмата и дека има негов потпис.

„Ова се документите од кои се гледа дека истата на сметка во Дојче банк има гаранција од 12.5 милиони евра. А ова се и документите од Централниот регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека фирмата е формирана само три месеци по формирањето на владата на Зоран Заев. Ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај и да го испита работењето на Филипче, а за таа цел сега ќе поднесеме претставка“, рече пратеникот.

Share
Scroll to Top