(Видео) Магаре врзано пред Влада го бара грантот од 83.000 евра

пред 4 години

Магаре врзано пред македонската влада денеска стана хит на социјалните мрежи.

По скандалот кои деновиве излезе во јавноста, во врска со доделениот грант, од „Националната агенција за финансирање на европски образовни програми“, за тренинг на магариња, денеска анонимуси направија герила акција.

Тие магарето го врзале за дрво спроти македонската влада, зад автобуската постојка.

„Магаре дошло пред Влада, го бара грантот од 83.000 евра“, пишува на видеото.

На „Твитер“ одма почнаа да фаќаат сеир, шегувајќи се дека магарето дошло по грантот и парите кои беа дадени од Националната агенција за финансирање на европски образовни програми.

„Аааууууу другари драми, магаре дошло пред Влада, ваљда ќе го бара грантот од 83.000 евра“ коментираат твитерџиите.

Share
Scroll to Top