Средба Бесими-Лудва: ЕУ перспективата нема алтернатива, тоа се покажува и во време на криза

пред 2 години

Посветеноста на новата Влада за продолжување на патот кон ЕУ, како единствен и без алтернатива и реформите што ги спроведуваме за приближување кон ЕУ стандардите, денеска беа потврдени на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со амбасадорот на Чешката Република Јарослав Лудва, стои во соопштението од Министерството за финансии.

Министерот за финансии потенцирал дека очекувањата на Владата се дека ЕУ преку Француското Претседателство ќе ги продолжи напорите за отворање на пристапните преговори, а македонската страна го продолжува дијалогот со Бугарија. Воедно на средбата била повторена поддршката на ЕУ перспективите на Македонија од страна на Чешката Република, која го презема претседателството со ЕУ од 1 јули 2022 година. Дополнително, била потврдена потребата за зголемена регионална интегрираност во прилог на зголемени инвестиции и економски раст, а кои ќе бидат во прилог на нашата стратешка цел, приклучување кон Европската Унија.

На средбата двајцата соговорници се осврнале на случувањата во Украина и на влијанието врз светските економски движења, вклучително и врз двете земји, како и активностите што секоја земја ги презема за да влијае на апсорбција на негативните ефекти врз домашната економија.

Македонија, кажал министерот, ги следи состојбите и веќе донесе пакет од 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните и домашното стопанство, како да овозможи безбедно и сигурно снабдување со енергенси. Во таа насока позитивно го оценил вклучувањето на нашата земја заедно со другите земји од Западен Балкан и Европската Унија во иницијативи кои се во прилог на зголемена енергетска независност на Унијата и регионот.

Министерот на состанокот упатил на макроекономската стабилност во земјата и можностите за унапредување на економската соработка со Чешката Република и реализација на инвестиции.

По покажаното економско закрепнување во 2021 година, се очекува интензивирање на економскиот раст во наредните години преку реализација на инвестиции предвидени и во Планот за забрзан економски раст, но и преку зголемено учество на капиталните расходи во буџетот, предвидено и со Фискалната стратегија 2022-2026 година каде клучни елементи се редизајнирање и подобрување на јавните финансии и постепена фискална консолидација преку намалување на буџетскиoт дефицит.

Share
Scroll to Top