Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани. Ова не е само политичка констатација, ова го кажуваат цените на рафтовите. И за ова не се виновни само некои трговци како што тоа сакаат да го прикажат Ковачевски и Битиќи, туку и самите тие, кои се 5 години на власт, вели Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Пред една година литро масло се купуваше по цена од 60 денари, сега истото тоа масло од ист произведувач чини над 160 денари. Килограм шеќер пред една година чинеше 35 денари, сега чини над 60 денари, ист е и случајот со брашното и млекото. Еден леб пред една година чинеше 20-тина денари, сега истиот се продава и до 60 денари. Ова се цените на основните животни намирници и буквално сите бележат 100% зголемување“, изјави Митева.
Ова, како што додаде е реалната инфлација, која е речиси 100%. Основните намирници кои се неопходни за прехранување на едно семејство, оценува Митева, се со двојно повисоки цени сега, за разлика од пред една година.
„И зошто е виновна власта? Затоа што Македонија во 2016 година имала доволно произведено пченица за задоволување на домашните потреби, а сега нема, и увезува над 60.000 тони годишно. Тоа влијае на цената на брашното, лебот и белите пецива. Како што има пад во производството на пченица, така има и пад на произведената сточна храна, што пак влијае на поскап увоз и по неконкретно домашно сточарство, тоа е поскапо млеко, месо и јајца. Лошиот однос на СДСМ кон домашното производство допринесе народот да не може да се прехрани“, потенцира портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Одговорноста за ова, како што додаде е директно на конто на СДСМ. „Ја осиромашија државата и народот. Премногу е, затоа протест за промени и предвремени парламентарни избори“, нагласи Митева.