(Видео) Мицевски: СДСМ и ДУИ гласаа против зголемување на пензиите за 20%

пред 2 години

Денеска на дело на пленарна седница имавме можност да го видиме односот на СДСМ и ДУИ, односно на владејачкото мнозинство како се однесуваат кон сите категории на граѓани, а на денешната пленарна седница кон пензионерите, категорија на граѓани која најтешко ги поднесува овие кризи и состојби кои ги има во државата, изјави Никола Мицевски, коодринатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека имаме пораст на цените на одредени производи, како и на електричната енергија и на тој начин пензионерите може да западнат во една критична група на граѓани кои што тешко го поминуваат месецот како граѓани на оваа држава.

Од таа причина пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе едно законско решение со кое бараме зголемување на вкупниот износ на исплата сите видови пензии за април за 20% и се дели вкупниот број на корисници на пензија, каква пензија би оствариле во 2022 година.

Мицевски истакна дека по реакции на одредени групи на граѓани, односно пензионери размислуваме истото да го дискутираме на комисиска расправа и можноста за зголемување на пензијата линеарно по 3.000 денари за секој граѓанин како би немало голема разлика во зголемувањето на пензиите.

Меѓутоа за жал овој материјал или овој закон, владејачкото мнозинство го изгласа против, за да не може за истиот да се дискутира на пленарна седница денес.

Со жалење можам да констатирам дека владејачкото мнозинство едно зборува, а друго прави. Можноста да изгласаме законско решение и почеток на разговори за законско решение за зголемување на пензиите на пензионерите за 20% беше денес пред пратениците, меѓутоа пратениците од СДСМ и ДУИ гласа против ова законско решение, изјави Мицевски.

Share
Scroll to Top