(Видео) Мицкоски: Во мај или јуни да се оджат предвремени избори зашто оваа власт веќе нема стратегија

пред 3 години

Вчера помина и Европскиот Совет на лидерите на ЕУ каде прашањето за датум за преговори со Европската Унија на Македонија не беше ставено на дневен ред, посочи на денешната прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што рече тој, доживува доживува уште еден неуспех односно уште една година празен од на патот кон Европската Унија.

„Македонија е блокирана и заглавена од комплетно ирационален, новосоздаден и реален спор кој го имаме со источниот сосед. И секој месец тој за жал се продлабочува, се проширува рамката за работите за кои се разговара и за жал се подалеку сме од решение. Воедно како поминува времето забележливо е дека бугарските барања се зголемуваат, дека македонската влада има целосно отсуство на стратегија и план“, истакна Мицкоски.

Според него, со оваа најнова блокада испаруваат и последните причини за партнерите во власта и натаму да бидат дел од таа власт која, како што рече, јасно е дека не не носи кон европска иднина.

„Новото вето е причината поради која очекувам, ако Алтернатива држи до зборот, или Кастриот кој велеше дека срцето му било во Вашингтон и Брисел, сега кога е јасно дека со СДСМ и ДУИ, заедно со нив не мрдаме од мртвата точка на застојот, да излезат јавно и да кажат дека не постојат причини да ја поддржуваат власта. Во спротивно докажуваат дека имаат и некакви поинакви мотиви за останување во тоа друштво“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски смета дека е потребен излез од ваквата статус-кво позиција, па побара во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај – јуни да се оджат предвремени паралемнтарни избори и народот да одлучи за иднината на Македонија.

„Во Македонија е потребен нов импулс, нова сила за реформи, една заедничка платформа, обединување околу нов договор со народот и заедничкиот патриотизам за работите кои му се важни на народот, а кои совршено јасно е дека оваа власт не може и нема да ги донесе“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа ќе биде одлична можност на новиот претседател на СДСМ, да излезе, да се соочи со граѓаните и да добие, како што кажа, каков таков изборен политички легитимитет.

Share
Scroll to Top