(Видео) Мицкоски: На 17 октомври народот ќе си ги врати општините и Македонија

пред 3 години

Д-р Александар Стојковски е идниот градоначалник на Ѓорче Петров, а Данела Арсовска идниот градоначалник на градот Скопје. Имаме двајца победници луѓе кои многу пати во својот живот покажале и докажале дека немаат друга опција освен победата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров.

„Од она што можев во разговор со нив да го дознаам е дека влегуваат во секој предизвик со стратегија и желба да победат и најчесто победуваат, а најголемите битки во своите животи успеале да ги добијат и затоа неслучајно зборуваме за двајца победници, луѓе кои што не само што ќе победат на 17 октомври, туку и од тој ден ќе продолжат да носат победи тука во Ѓорче Петров и за скопјани во градот Скопје“, рече тој.

Победата на 17 октомври во првиот круг на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаде Мицкоски, подразбира нова влада, подразбира пад на оваа криминална владата меѓу двата круга.

„Да не дозволиме егзибиционисти, повторно да му овозможат на Зоран Заев и СДСМ продолжување на нивниот политички живот. Гласот за Александар и за Данела подразбира нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и подобри денови за нашата Македонија, за нашето Скопје и за нашето Ѓорче. Да не дозволиме лажни опозиционери да го делат опозицискиот блок, да не дозволиме народот да биде измамен како многу пати досега. Преку глава му е на народот од измами и лаги и лажни политичари кои излегуваат од тоа политичко мочуриште, а со една цел да им служат на оние политичари од транзицијата кои овој народ го пљачкаат 30 години. Затоа ве повикувам излезете на 17 октомври уште рано наутро и заокружете го името а Александар и Данела. За новиот градоначалник на Скопје и новиот градоначалник на Ѓорче Петров“, рече Мицкоски.

Share
Scroll to Top