Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници, истакна лидерот Христијан Мицкоски.
„За жал поради политичката некултура којашто владее во Македонија, еве веќе четири години откако СДСМ е власт, се уште за кратко време ќе бидеме во опозиција и затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“, додаде Мицкоски.
Според Мицкоски, сиромаштијата е се поголема, народот има проблеми со енергетиката, со струјата, економијата, не владее правото, криминалот и корупцијата се сеприсутни, катастрофа е во здравството, во образованието. Буквално на било кој план, рече тој, имаме многу лоша и траорна состојба во нашата Македонија.
„Ако поминавме 4 години за внатрепартиска трансформација и реформи, сега следат реформи и да ја вратиме Македонија онаму каде што и е местото, а тоа е на победничките патеки“, кажа Мицкоски.