(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

пред 11 месеци

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“.

„Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање на нашите деца“, велат семејствата на загинатите деца.

Наместо студен камен, како што додаваат, избрале да засадат дрвја што ќе растат и ќе сведочат за постоењето на нивните деца, како симбол на живот, надеж и сила, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени.

Семејствата им се заблагодарија на сите кои дале поддршка и солидарност во најтешките моменти, истакнувајќи дека токму таа поддршка ја покажува општествената одговорност и човечност, и дека од болката заеднички е создадено нешто трајно, достоинствено и исполнето со љубов.

Текстот (Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top