(Видео) Нелоски: Утре на протест против неспособните политики на Филипче

пред 4 години

Власта е неспособна да обезбеди вакцини. 4 месеци откако во регионот и Европа е почната вакцинацијата, ние уште немаме вакцини. Секојдневно се разболуваат над 1000 луѓе од КОВИД 19, а бројот на починати одамна е двоцифрен секој ден. Додека Заев е вицкаст и ја замајува јавноста 3.500 животи се загубија, обвини Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Заев и Филипче на совест ги носат сите заразени и починати од јануари до денес, тоа се луѓе кои доколку имаше навремено вакцина немаше да се заразат или нема да ги изгубат своите животи.

Заев и Филипче мора да сфатат дека штета која им ја нанесоа на граѓаните и државата е непоправлива, и залудни се сите обиди за спас.

Потребна е одговорност, а не изјави со обид за засмејување на народот, од типот еве сега сме сигурни барем дека вакцините се безбедни. Не Заев, сега сме сигурни дека сте неспособни и дека наместо здравјето на граѓаните, на прво место ги ставивте вашите провизии.

Одговорност ќе има. Здравје, наместо провизии!

Ве повикувам сите утре, сабота, со почеток од 11:30 часот пред министерството за здравство на протест против неспособните политики на Филипче кои не чинат животи“ порача Нелоски.

Share
Scroll to Top