Владата ги презема првите мерки за прифаќање на бегалци од Украина

пред 2 години

Во контекст на последните случувања поврзани со Украина, на предлог на МНР, Владата на денешната седница, усвои Информација за состојбата со граѓаните на нашата држава во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање на украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава.

Согласно одлуката на Владата, специфични државни институции се задолжуваат во најскоро можно време да достават информации за расположливите државни сместувачки капацитети, со цел подготвеност за евентуална бегалска криза.

„На украинските државјани кои се затекнати во Северна Македонија и кои заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина, ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава, додека за тие кои ќе бидат приморани да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез и без обврска за поседување негативен ПЦР тест за Ковид-19 во Северна Македонија, поради хуманитарни причини“, се наведува во владиното соопштение.

Share
Scroll to Top