ВМРО-ДПМНЕ е партија која е симбол за криминал и корупција и таа најмалку е повикана да обвинува било кого, рече денеска прaтеничката од СДСМ, Даниела Николова, за обвинувањата во случајот со Мухамед Зеќири, доскорешниот Генерален секретар во Владата.
„Има огромна разлика од времето на режимот кога институциите, судството и обвинителството беа под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и наместо да гонат, штитеа криминал. На никој не му паѓаше на памет да понесе одговорност, ниту пак да да поднесе оставка, тоа денес веќе не е така.
Ние ги овозможуваме сите услови да правосудните органи работат слободно и нивна задача е низ транспрарентни постапки да утврдат дали некој ја злоупотребил својата позиција и согласно доказите кои ги имаат да започнат постапка или не“, нагласи Николова.
Таа порача дека секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на која позиција се наоѓа.