(Видео) Николоска: Пописот е важен, повикот за бојкот е кривично дело

пред 4 години

Преку пописот како најмасовна и најсложена операција, ќе добиеме релевантни податоци кои ќе ги дадат правците за креирање ефикасни јавни политики за развој, велат од СДСМ.

Според пратеничката Фаница Николоска, пописот е важен за идниот развој на нашата држава.

„Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата“, потсети Николоска.

Таа информираше дека досега 137.111 македонски државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот на самопопишшување ќе трае до 21 април.

Според неа, обидите за бојкот, не се само што се незаконски, туку се и антидржавни.

„Повиците за бојкот и одлагање на пописот што често ги слушаме од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица се повици за пропаѓање на пописот. Тоа се антидржавни ставови кои не носат ништо добро, создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат сериозна штета за државата. Бојкотот на пописот е кривично дело.Крајно време е да покажеме зрелост, одговорност и да му се придружиме на светот. Да не бидеме црна дупка на статистичката мапа и по цели 19 години да спроведеме попис согласно сите меѓународни стандарди“, потенцира Николоска.

Share
Scroll to Top