Огромни гужви има попладнево на наплатната станица „Миладиновци“ на излез од Скопје.
„Тука е полошо од грчка граница. Сите свират, се обидуваат да ги престигнат автомобилите. Ужас! “, коментираат за „Макфакс“ патници кои останале заглавени на патарината.
И оние кои поседуваат М-таг картички не можат да се доближат до наплатната рампа, а заглавени се и автобусите на редовните линии кон Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Берово, Кочани.
Голем број граѓани го напуштија градот поради претстојниот продолжен празничен викенд.
Текстот (Видео) Огромни гужви за излез од Скопје, на патарината „Миладиновци“ колони од два километри е превземен од МАКФАКС.






