Крадец ограбил старец во Струга – побарал да му покаже како изгледаат евра и му ги грабнал

пред 3 години

Педесет и шестгодишен стружанец украл 8.500 евра од старец во Струга. Според информациите на МВР, осмничениот Ќ.А.(56) од струшкото село Лабуништа, во текот на јули во Струга пресретнал 76 – годишен стружанец и му побарал, ако има, да му покаже како изгледаат евра. Старецот извадил од џебот 8.500 евра, кои претходно ги подигнал од банкарска сметка и му ги покажал, по што пријавениот насилно му ги одзел. Против него е поднесена пријава за тешка кражба на дрзок начин.

Share
Scroll to Top