(Видео) Папазов: Реализираме три стратешки проекти за Кочани

пред 3 години

Градоначалникот на општина Кочани, избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов, денеска во присуство на партискиот лидер, Христијан Мицкоски, промовираше три стратешки проекти кои се во постапка на реализација на територијата на општината.

Еден од нив е изградба на колекторот и секундарната мрежа за канализација во село Тркање и приклучок на фекалната канализација кон пречистителната станица во Мојанци.

„Ја посетив и улицата ‘Роза Петрова’ која неодамна беше завршена со асфалтирање, во моментоt се покрива тротоарската површина и ќе биде полесно за граѓаните кои гравитираат за користат една широка, убава и безбедна улица во градот.

Во моментот се наоѓаме кај најбитниот проект кој се реализира, тоа е замена на главниот потисен цевковод со кој се снабдува градот со вода за пиење. Проектот се реализира во должина од 2 километра со тоа ги решаваме проблемите со водоснабдување кои долги години се детектирани на овој потег“, истакна Папазов.

Мицкоски, пак, нагласи дека ќе продолжи со посета на општините каде што се избрани градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се надевам дека ќе продолжат онака како што започнаа и помалку ќе зборуваме, а повеќе ќе работиме“, кажа парискиот лидер.

Share
Scroll to Top