(Видео) Попов: Небезбедниот проект на Универзална го штитат лица блиски до СДСМ

пред 3 години

СДСМ се обидуваат очајно да се оправдаат за скандалозниот проект за реконструкција на Универзалната сала, обвини Сергеј Попов, советник во Совет на Град Скопје и претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, констатирани се бројни грешки, а и претходното градско раководство и Шилегов, како што рече, знаеле и констатирале недостатоци.

„Ова го потврдува и изјавата на советничката од СДСМ Љубица Јанчева која на седница на совет ќе изјави цитирам: ‘Знаевме за техничките проблеми и пропусти во проектот и истите беа констатирани’. Сега кога се фатени во небрано СДСМ на помош ги бараат своите блиски експерти да го бранат она кое што не може да се одбрани“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа Попов, клучни во бранењето на СДСМ се Мишко Ралев, член на Извршниот одбор на СДСМ и Искра Јовановска Михајловска која, како што рече, јавноста ја памети од скандалозната поделба на грантови од Фондот на иновации кога нејзината компанија добила 223 илјади евра од државата.

„Очигледно дека на СДСМ им било битно пред избори да почнат некакви градежни активности и не се направени соодветни анализи, не се видело дека ќе требаат дополнителни столбови за да има навистина квалитетна сеизмичка одржаност на овој објект, и не бил направен соодветен увид“, посочи Попов.

Share
Scroll to Top