(Видео) „Прекинете ја седницата“ – Крмов од Левица скрши монитор, со Апасиев гаѓаа со амандмани кон Мисовски

(Видео) „Прекинете ја седницата“ – Крмов од Левица скрши монитор, со Апасиев гаѓаа со амандмани кон Мисовски

пред 6 месеци

До инцидент дојде попладнево во Собранието, пришто пратениците од Левица ги фрлаа нивните амандамни кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

Пратеникот Борислав Крмов изреволтиран го искрши мониторот на масата на Мисовски, ги откорна микрофоните, и почна да фрла листовите, а потоа му се приклучи и Димитар Апасиев.

Крмов побара збор кога се дискутираше за измена на Деловникот и побара од потпретедателот на Собранието да ја прекине седницата.

„По член 152 нашите амандмани не се ни доставени, по кој основ се отфрелни, немаат ни архивски број. Исти се како оние 1.800 што беа прифатени. Како што гледате, ова се оригинали. Мора да ја прекинете седницата. Мора да има некој ред во ова Собрание. Прекинете ја седницата“, рече Крмов.

„Мора да ја прекинете седницата. Готово. Прекинете ја седницата оти ова на ништо не личи. Има ли тука пратеници или вие што сакате ќе правите“, додаде Крмов додека фрлаше хартии.

Инцидентот се случи откако 87 пратеници не го прифатија барањето на Левица да се повлече деловникот од денешната расправа.

По инцидентот Левица се огласи на социјалните мрежи.

„На собраниската седница, двајцата пратеници на Левица со фрлање на амандмани ја прекинаа седницата со пола час пауза! Широката коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ насилничнички и неделовнички ги одби амандманите на Левица. Единствената опозиција во Собранието ДЕНЕС физички ќе ја брани македонската демократија од трите квинслишки партии!“, велат од партијата.

Текстот (Видео) „Прекинете ја седницата“ – Крмов од Левица скрши монитор, со Апасиев гаѓаа со амандмани кон Мисовски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top