Двајца дилери од Скопје се приведени откако при претрес во нивните домови – кај едното лице биле пронајдени и одземени голема ќеса и тегла со марихуана, хашишово масло и вага, а кај другото лице е пронајден амфетамин и две ваги.
А.П.(35) и Р.П.(32) се приведени во полициска станица, а по документирање на случајот против нив СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје ќе поднесе кривични пријави за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.