(Видео) Пријава за малолетник од Тетово кој се снимал додека уринирал врз државното знаме

пред 3 години

Од тетовската полиција информираат дека целосно е расчистен случајот со сквернавењето на државното знаме на Република Северна Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Oд МВР информираат дека станува збор за 16-годишник од Тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, вчера (16 март), бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top