(Видео) Силјановска: Владата на Ковачевски е нелигитимна и има лица чии биографии личат на флаери

пред 2 години

„Не може оваа влада да го наследи легитимитетот од претходна влада, таа не може да ги делегира бидејќи премиерот си замина од лична одговорност, а не поради друга функција. Второ, кога се конститураше власта во неа беше Беса, неа ја нема сега во Владата или значи гласачите сега не се гласачи на оваа коалиција и легитимитетот е нагризан, ја има Алтернатива за која не знаеме што мислат граѓаните за нејзино трансформирање во власт“, кажа Гордана Силјановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за составот на нова Влада.

Силјановска наведе и други недоследности а посочи дека и малите партии даваат условена поддршка што како што нагласи е спорно за легитимитет.

„По дефиниција оваа влада е нестабилна влада, по она што се случува внатре во СДСМ и надвор, тешко дека е влада на СДСМ, туку е на Зоран Заев“, рече Силјановска.

Според неа легитимитетот на Ковачевски е врзан неразделно од некој кој до вчера, како што рече, бил полтрон, султан, објаснувајќи „мислам на најголемиот носител на моќта, мислам на премиерот, а не го спомнавте, а ве преферираше одевте со него за да се манифестира блискоста“.

Говорејќи за персоналните решенија Силјановска кажа дека ако си оди Димитров бидејќи нема датум за ЕУ, со него треба да замине и Османи зошто датумот според Силјановска како да останал во црната кутија во авионот во кој според неа очегледно немало пилот.

„Се говори за владеење на правото. Дали колегата Тупанчевски ќе се дистанцира од оној договор дека независни експерти ќе извршат меѓународен мониторниг на процеси за кои постојат политички сомневања дека врз нив било вршено политичко влијание како Монструм, Диво насеље. Тие може да се ревидираат само ако се најдат во Стразбур пред Судот за човекови права ова е директно мешање во судската власт“, заклучи Силјановска укажувајќи дека оваа Влада во самото настанување е нелегитимна и има биографии кои личат на флаери.

Share
Scroll to Top