(Видео) Сајкоски: Чествувањето на Михајлов е чествување на фашизмот

пред 2 години

Oна што се случуваше вчера од страна на бугарската влада и нивните претставници со отворање на клубот, културниот центар кој го нарекоа „Ванчо Михајлов“ е клуб преку кој кажуваат и докажуваат со нивната политика дека продолжуваат со негирање на македонскиот народ и на македонската држава, порача од Ресен, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Тој нагласи дека бугарската влада со начинот и пристапот на проблемот со Македонија само го носи прашањето да не се дојде до решение и на таков начин самата се амнестира од одговорноста што ја има пред европските институции.

„ Ако промовираме европски вредности и ако одиме во Европа заедно, ние треба да работиме во насока на подобрување на демократијата, борба против фашизмот, а не да промовираме ликови кои што се како Ванчо Михајлов, докажани поддржувачи на фашизмот и докажани негатори на македонската нација“ изјави Сајкоски.

Тој рече дека македонската влада треба веднаш да побара од Бугарија да се формираат македонски културни центри во повеќе градови на Бугарија, со кои, како што нагласи, ќе се промовира нашата посебност и значењето на македонскиот јазик и македонската култура.

„ Исто така е важно што не изнајде начин владата во Македонија и влезе во погрешна насока во преговорите со Бугарија и не донесе во фаза да си ја докажуваме посебноста како Македонци во 21 век, 78 години во сопствена држава и повеќевековната борба што ја имале сите наши предци за создавање на сопствена држава. Затоа треба во вистинска насока да се води проблемот и да бараме конкретно решение за влез во ЕУ“ додаде Сајкоски.

Share
Scroll to Top