ВМРО-ДПМНЕ за поскапувањето на горивата: „Ова е грабеж“

пред 2 години

За само два дена дизелот поскапе за 18.5 денари, а бензините за 11 денари. Оваа честитка на Ковачевски до народот е грабеж, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по новото поскапување на горивата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, повисоките цени на бензините се израз на, како што велат, неспособната влада да изменаџира со кризата.

„Тие самите признаа дека знаеле пред 4 месеци за избувнувањето на војна и не направија ништо да го заштитат стандардот на граѓаните. И додека ова се случува, непродуктивните трошења на владата продолжуваат“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

 

Share
Scroll to Top