(Видео) СДСМ: Арсовска само разрешува директори и поништува проекти

пред 2 години

За жал и на штета на скопјани, Данела Арсовска од само за неа познати причини, решава да ја запре изградбата на мостот „Михајло Апостолски“, капитален проект кој го намалува сообраќајниот метеж во Скопје, во Аеродром и Гази Баба, истакна во денешната изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ.

„Нема никакво оправдување за неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја добија одговорноста од граѓаните да ги решаваат проблемите, а гледаме дека освен поништување и стопирање на капитални и важни проекти за друго не ги бива. Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните и градот, а не само да се разрешуваат директори и да се поништуваат проекти“, посочи претставникот на СДСМ.

Васев воедно порача Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ако не знаат и не можат да работат за Скопје и граѓаните, да отстапат.

Share
Scroll to Top