Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик, изјави Трајко Славески, на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
„Тука сме да изразиме несогласување со македонскиот врв, особено со премиерот Заев којшто ја задира сржта на македонскиот идентитет. Оттука исто така искажуваме несогласување што и по нашите барања за средба за запознавање за тоа што се преговара, со кого се преговара, до тоа не дојде и мислам дека тоа е сосема некоректно“, рече тој.
Славески рече дека македонскиот јазик е одамна признат и нема да прифатат никакво негирање.
„Ние сме тука заедно со граѓаните на Битола да кажеме дека ова не смее да помине, ние сме Македонци, македонскиот идентитет е таков со векови, македонскиот јазик е одамна признат и никакво негирање нема да прифатиме, ниту од претставниците на Република Бугарија, најмалку од нашите избраници, затоа што некој ги избрал, кои што во овој случај се на границата на предавство“, рече тој.