(Видео) Стоилковски во Маврово: Ова е луксузната вила на Шилегов, наводно купена со чиновничка плата

пред 3 години

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска е Маврово каде презентира, како што рече, уште еден луксуз на Петре Шилегов, купен на атрактива локација со чиновничка градоначалничка плата.

„Ова зад мене е вилата, луксузната вила од над 300 квадратни метри, на два ката, со луксузен двор, со луксузна летна кујна, со луксузна ограда правена од камен и со сите можни удобствија направени и земени за само една година чиновничка плата на Петре Шилегов како градоначалник на Скопје“, посочи партискиот портларол.

Тој нагласи дека според тврдењата на скопскиот градоначалник, тие 300 луксузни квадрати на Маврово се со вредност од 55.000 евра.

„Овој цел луксуз Петре Шилегов го пријавува колку еден стан од 40-тина квадрати во центарот на Скопје. Петре Шилегов за само една година купува ваков луксуз, гради ваков луксуз од 300 м2, само површина на куќата, на луксузната вила. А, по неполни три години започнува со градба нелегално, дивоградба, без документи, на семејна зграда од четири ката и 400 м2 во центарот на општина Карпош, на многу атрактивна локација“, рече Стоилковски додавајќи дека ако овие податоци не раѓаат сомнеж за потеклото на имот на Шилегов, тогаш, како што кажа, веројатно е нешто многу згрешено во овој систем кој што не функционира.

Share
Scroll to Top