(Видео) Стоилковски: Наместо жичница до Водно, Шилегов изградил лифт во својата дивоградба

пред 3 години

Скопјани останаа без жичница до врвот на Водно, ама Шилегов си вградил лифт до врвот на неговата дива надградба тука во Скопје, обвини денеска портпатолот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Скопје нема ниту еден нов изграден паркинг, ама Шилегов си изгради паркинг за луксузните возила. Скопје нема Универзална сала, ама Шилегов си изгради нов кат, цел на диво“, рече Стоилковски и запраша која семејна куќа со дозволена висина од 8,8 метри има потреба од лифт, како и колку чини поставување приватен лифт во семејна куќа.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека скопјани се’ уште немаат одговор за, како што кажа, градежните тендер скандали со потпис на Петре Шилегов.

„Скопјани немаат одговор кој се’ му гради на Петре Шилегов и дали за тоа тој воопшто плаќа? Скопје нема Универзална, Скопје нема нов паркинг, Скопје нема жичница до Водно, Скопје нема Луна Парк, Скопје нема ниту Езеро Треска, а Петре Шилегов проектира четири години цртани филмови и при тоа се богати“, рече Стоилковски.

Share
Scroll to Top