(Видео) Стоилковски: Нема трка за два милиони евра за една улица

пред 3 години

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје во заминување се уште молчи за наводите во аферата „Профитер“, или како се местат милионски тендери, така што фирмите изгледа немаат потреба од работа и се откажуваат од пари, а всушност тендерите се однапред договорени, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„По „Пастичарска“ и „Есенинова“, еве го и договорот за улица „Киро Глигоров“, онаа улица од Автокоманда до Ново Лисиче, продолжеток на булеварот „Србија“. Повторно милионски договор, 2 милиони евра. Договор од јули оваа година, сега пред избори. Проценета вредност: 117.586.000. Склучен договор: 110.400.000 денари или разликата е некои седум милиони денари за волкав зафат тоа е речиси ништо. И повторно иста фирма која без реална трка на аукција добива три милиони евра за „Пластичарска“, еве ја сега на истиот начин добива речиси 2 милиони евра. Иста шема, неколку понуди, ама нема натпревар за земање на работата. Со едно намалување при електронската аукција, фирмата онаа со највисока првична понуда го зема тендерот. А, внатре повторно цени 3 пати повисоки од реалните“, обвини Стоилковски.

Опозицијата додава дека градоначалникот Шилегов нема објаснување како одеднаш големи градежни фирми немаат интерес за тендери од 2,3,20 милиони евра, во време на криза, односно во време кога немаат пари за обезбедување на плата за работниците.

Share
Scroll to Top