(Видео) Трипуновски: Власта се занимава со политиканство, а не со сериозни мерки за помош на земјоделците

пред 2 години

На барање на земјоделците од тиквешкиот регион остварив неколку средби на кои што разговаравме за актуелната состојба во земјоделието и поточно наводнувањето на раноградинарските, овоштарството и на лозарството во овој регион. Ги посетивме пумпната станица „Марена“ на која што практично каналите се суви, таа покрива над 1.000 хектари површини кои што треба да ги задоволи со вода за наводнување, меѓутоа заради неспособноста на власта од 6 пумпи кои се во пумпната станица, ниту една не е во функција, а веќе законскиот рок за почеток на полевање, односно 15 април е одамна поминат, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Тоа значи дека лозовите насади, овошните насади на коишто во моментов им е најпотребна вода за наводнување бидејќи го формираат почетокот на родот за оваа година, ќе останат без наводнување, односно значи дека оваа година ќе имаме сериозно намалување и по квалитет и по квантитет на приносот и на грозје и на градинарски, односно овоштарските култури“, вели тој.

„Она што сакам да го упатам како критика до власта е дека оваа ситуација која што ја гледате од снимката позади мене е реалноста во Република Македонија и она што ВМРО-ДПМНЕ го укажува како критика е само потврда дека македонскиот аграр е клекнат на колена. АД Водостопанство кое што е најповикано и целата влада за да обезбедат услови во вакви тешки ситуации на светско ниво да обезбедат вода за наводнување, гледаме дека единствено приоритет имаат ископите на песок и сепарациите, а не и примарната намена на АД Водостопанство, а тоа е снабдување со вода на сите земјоделски површини“, додаде Трипуновски.

Share
Scroll to Top