(Видео) Фудбалска еуфорија во Скопје, громогласно се слави сензацијата против Италија

пред 2 години

По победата на Македонија во дуелот со Италија, се слави низ скопските улици.

Се пејат македонски патриотски песни, се вејат македонски знамиња. Прославата дојде случајно, по повици од социјалните мрежи.

Македонија е во финале на баражот за Светското првенство во Катар.

Нашите херои го елиминираа европскиот првак Италија совладувајќи го со 0-1 на стадионот „Ренцо Барбера“. Стрелец беше Александар Трајковски, кој во неговиот Палермо ја забетонира судбината на Италијанците.

Последната пречка до СП во Катар за нашите репрезентативци е Португалија на Кристијано Роналдо, а мечот ќе се игра во Порто.

Share
Scroll to Top