(Видео) Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот кај село Папрадиште

(Видео) Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот кај село Папрадиште

пред 9 месеци

Денеска хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше. Во 11 циклуси беа исфрлени над 20 тони вода, со што беа локализирани дел од жариштата, извести МВР.

Врз истиот пожар дејствуваше и хеликоптерот Х225 од Српското министерство за внатрешни работи, со што е спречено пожарот да се развие кон село Папрадиште, додаваат од МВР.

Текстот (Видео) Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот кај село Папрадиште е превземен од МАКФАКС.

Share