(Видео) Шахпаска: Значајно е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за побрз излез од пандемијата

пред 3 години

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапат кон процесот на вакцинација, за што побрз излез од пандемијата и враќање кон секојдневни обврски.

„Штотуку ја примив првата вакцина против Ковид-19. Наша граѓанска должност е сите како граѓани да пристапиме кон процесот на вакцинирање. На тој начин секој од нас стекнува специфичен имунитет против коронавирусот. Доколку голем број на граѓани, доколку сите ние се вакцинираме, тогаш и колективниот имунитет ќе биде поголем,“ изјави Шахпаска.

Таа посочи дека сите вакцини се проверени и квалитетни и ги повика граѓаните да се вакцинираат.

Share
Scroll to Top