Телефонски разговор Османи-Кулеба

пред 3 години

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски разговор со неговиот украински колега, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Двајцата Министри се согласиле дека Република Северна Македонија и Украина споделуваат заедничка визија за стабилна, обединета и просперитетна Европа, истакнуваат од кабинетот на Османи.

Од таму додаваат дека во таа смисла а реафирмирајќи ја взаемната приврзаност кон европските принципи и вредности, Министрите се осврнале на европските и евро-атланските интеграции на Република Северна Македонија и Украина, како и на можностите за натамошно унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Станало збор и за актуелните состојби во источна Украина, при што министерот Османи ја реафирмираше јасната и недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина, истакнувајќи притоа дека Северна Македонија поддржува целосна имплементација на договорите од Минск во согласност со напорите на Трилатералната контакт група и политичкиот процес на Нормандискиот формат врз основа на принципите и заложбите на ОБСЕ.

Share
Scroll to Top