(Видео) Шахпаска: Прв младински ресурсен центар во Гостивар

пред 3 години

На отворањето на младинскиот ресурсен центар во Гостивар министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска истакна дека центарот е прв од ваков тип во државата.

Ќе биде наменет за младите од Полошкиот регион.

Мисијата на Центарот како што објасни Шахпаска е подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот.

Таа се осврна на имплементација на проектот Гаранција за млади, со цел подобро позиционирање на младите на пазарот на трудот, со кој изминатата година, 8446 лица се вработиле, а 2000 станале повработливи.

Младинскиот додаток рече Шахпаска, овозможува секое младо лице до 23 годишна возраст вработено во производство да добива месечен надоместок од државата во износ од 3.000 денари. Мерка со која минатата година биле опфатени 3474 лица.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ја подвлече важноста од еден ваков центар за локалниот развој и изрази уверување дека овој современ ресурсен центар ќе одговори на потребите на младите во целиот полошки регион.

Амбасадорката на Швајцарија, Сибул Сутер, истакна дека со поддршката на „ I can “ Центарот, Швајцарија ја потврдува заложбата за вклучување на младите во сите важни процеси на локално ниво, а посебно успешната активност на младите на пазарот на трудот.

„УНДП соработува со младите и младинските организации, приватниот сектор и владините институции со цел поддршка и промовирање на младинскиот концепт. Ние веруваме дека младите се поттикнувачи на промените и многу важни партнери за остварување на одржливите развојни цели. Начините како ги вклучуваме младите во важните глобални трендови ќе го одреди и успехот за постигнување одржлив развој, раст и инклузивен проспаритет“, истакна постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.

Share
Scroll to Top