(Видео) Јакимовски: Реализирано едно од моите предизборни ветувања уште пред да станам градоначалник на Карпош

пред 3 години

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска објави дека веќе е реализирано едно од неговите предизборни ветувања, а се уште не е официјално избран за градоначалник на општината. Јакимовски се заблагодари на одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол, проект што беше најавен од кандидатот на ГРОМ уште пред две недели.

„ Ја поздравувам одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол. Имајќи предвид дека тоа е мое
изборно ветување од пред повеќе од десет дена. Посебно сум среќен што практично веќе едно ветување кое сум го дал на граѓаните на општина
Карпош веќе е исполнето, а се уште не сум градоначалник на општина Карпош. Во исто време сакам да ги потсетам дека го заборавија Средно
Нерези. Во мојот предлог покрај Трнодол и Жданец предлагам и Средно Нерези да биде вклучено во градскиот превоз до Сити Мол, рече Јакимовски.

Share
Scroll to Top