(Видео) Јанчева: Арсовска бега од медиумите, се плаши да не ја прашаат за бројните проблеми

пред 2 години

Денеска е Денот на пожарникарството и ја користам приликата од мое име и од името на советничката група на СДСМ во Град Скопје да им го честитам денот на сите пожарникари. Град Скопје овој ден годинава го одбележа за првпат без присуство на медиумите и затворен за јавноста, истакна на денешната прес-конференција Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Очигледно дека градоначалничката Данела Арсовска не сака да се соочи со новинарите, па освен што не доаѓа на седници на Совет, освен што не одговора на прашања, сега почна да одржува и настани без да ги покани медиумите. Дали овој потег на Арсовска се должи на нејзиниот страв новинарите да не постават прашање зошто шест месеци бригадата за противпожарна заштита е оставена без договор за сервисирање на противпожарните возила? Дали тие возила ќе бидат функционални и безбедни во пресрет на сезоната на пожари? Дали Арсовска се плаши од прашањето зошто два дена 100.000 граѓани од Драчево и околните места се без вода за пиење?“, запраша Јанчева.

Додаде дека освен што ништо не работи, Арсовска, како што напомена Јанчева, се крие и бега од новинарите и јавноста, аа тоа според неа е недозволиво за еден градоначалник на главниот град на државата.

Шест месеци, појасни Јанчева, беа доволни да се докаже дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје.

Share
Scroll to Top