ЛДП: Секој ден е борба за унапредување на родовата еднаквост

пред 3 години

Секој ден е ден на борба за унапредување на родовата еднаквост и кршењето на стереотипните родови улоги, ова како што информираат од ЛДП се главните пораки кои се произлезени од он-лајн конференцијата ,,За женските права и родовата еднаквост” која се одржа од страна на Форумот на жените на ЛДП како главна активност за одбележување на 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

На конференцијата се обрати претседателот на ЛДП Горан Милевски, а говор имааа и пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова и претседателката на Форумот на жени на ЛДП Билјана Аврамоска Ѓореска.

„Либерално демократската партија ја препознава важноста и влијанието од зголемена застапеност на жените во политиката и се залага за еднакво учество на жените и мажите, поттикнувајќи ги и имплементирајќи ги политиките за родова еднаквост. Се покажа дека многу постигнавме досега, но има уште многу нешта кои треба да се остварат до родова еднакавост. Единствено половина е еднаков дел, и единствено еднакво е доволно“, рече претседателката на форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска Ѓореска.

Share
Scroll to Top